Ковид статистика: Повторно голем број нови хоспитализирани со Ковид-19

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ковид центрите во Скопје, во изминатите 24 часа се хоспитализирани 68 нови пациенти, со што вкупно 689 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника. Во Козле  билe примени тројца нови болни, а осум пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени тројца пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 103 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 107 во КОВИД центарот во Гостивар 45, а во Струга 19 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 35, Кавадарци 58, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1641 и има околу 380 празни болнички кревети во КОВИД центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде