Ковид статистика: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1043 пациенти

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1043 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациент, во Велес се лекуваат 106 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 125 во КОВИД центарот во Гостивар 48, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 94 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 31, Кавадарци 63, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1768 и има околу 300 празни болнички кревети во КОВИД центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде