Ковид биланс: Повторно голем број починати, најмладиот 39 години

Во последните 24 часа се регистрирани 708 нови случаи на ковид-19 од направени 2.763 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: осум пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по четири пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), тројца пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по двајца пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 887 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде