Ковид биланс: И денеска голем број починати, најмладиот 34 години

Повторно над 30 починати од ковид во изминатото деноноќие. Според статистиката која вечерва ја објави Министерството за здравство, починале 33 лица, меѓу кои има и на возраст од 34 и 41 година.

Најмногу од починатите 12 се од Скопје (34г,45г,59г,62г,65г,72г,73г,75г, 78г,79г,80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на ковид-19 , од кои половината се во Скопје – 619, потоа во Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес – 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево – по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Крушево – 1.

Регистрирани се 868 оздравени пациенти.

Заклучно со денеска, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370, од кои 9.329 се во Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде