Ковид биланс: Епидемијата не стивнува, повторно голем број новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 1.402 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.978 тестирања. Починале 29 лица, додека 761 пациент оздравел.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци – 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино – 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Од вкупно пријавените 29 починати лица: 10 биле од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопштија од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.

Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде