Ковид биланс: Бројот на починати повторно голем, најмладиот има само 32 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 562, Битола – 97, Куманово – 83, Велес -51, Струмица – 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 751 оздравени пациенти од:Скопје – 213, Охрид – 82, Прилеп -57, Тетово – 40, Велес – 38, Битола – 36, Куманово – 33, Кавадарци – 31, Струмица – 27, Гостивар -23 , Кочани -22, Штип и Неготино – по 20, Гевгелија – 14 , Дебер и Демир Капија – по 12, Радовиш – 11, Свети Николе и Виница – по 8 ,Кичево, Берово и Пробиштип – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Крива Паланка – 4, Македонски Брод – 2, Крушево, Богданци, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 20 од Скопје (89г , 85г , 84г , 83г ,81г ,81г, 77г , 76г , 76г , 76г ,73,71г, 69г, 68г 67г, 66г,62г,61г, 59г, 32г ), 4 од Битола ( 81г, 62г, 61г, 60г ), по 2 од Велес ( 69 г и 56 г ), Гостивар ( 77 г, и 63 г) , Охрид (84 г и 70г), Струмица (73г и 67г) , Кочани (86г и 74г) и Гевгелија (74г и 64г) , по 1 починат од Куманово (78г) , Кавадарци ( 61г), Штип (61г) ,Кичево (73 г) ,Свети Николе (71г), Ресен (77г), Дебар (75г) ,Пробиштип ( 74г ), и Виница (69г ).

Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.Направени се 4.555 тестови преку: ИЈЗ-575, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-109, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, Судска медицина-22, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-141, Жан Митрев (Филип Втори)-225, Авицена-288, Биотек-431, Систина-318, лабораторија Лаор-347, Синлаб – 98, Ремедика-60, Плодност – 64, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.761.Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде