Конте до Пандев: Горане, немој да прекинуваш!

Капитенот на Македонија, Горан Пандев вчера испиша историја постигнувајќи го неговиот 100. гол во Серија А.

По натпреварот следуваше интервју заедно со Антонио Конте. Стратегот на Интер го охрабри Пандев да не се пензионира на крајот од сезоната.

„Немој да прекинуваш Горане, можеш уште многу да дадеш на фудбалот“.

Потоа Пандев истакна дека верува во титула на Интер сезонава.

„Голем фан сум на Интер. Верувам дека со титулата се е готово, Интер дефинитивно го заслужи трофејот“, порача Пандев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде