Комити: Срам, но не за оние кои се појавија на теренот!

По убедливот пораз на Вардар од Шкендија со жестока реакција се огласија „Комитите“.

„Комити“ порачаа дека ова е срам, но не за оние кои истрчаа на теренот.

Во целост ви ја пренесуваме нивната реакција:

“Срам. Голем СРАМ !Но не за оние кои денес се појавија на теренот да ги бранат боите на Вардар. Не, тие се наши херои, затоа што тие се тука за да не осигураат дека Вардар ќе постои. И затоа нема ни збор да кажеме за нив во лош контекст.Ова е срам за оние кои себеси се декларираат како Вардарци, а со ниту еден свој чекор ниту дело не ја оправдаа таа чест.Ова е срам за сите тие кои можеа да спречат, а сепак дозволија ваква деградација и понижување на името Вардар.Ова е брука за сите тие кои го користеа и користат Вардар како оружје за политички битки, некои повеќе некои помалку, а сепак на сите им се крвави рацете.Ова е срам за оние кои го предаваат и демонстративно го пуштија Вардар низ реката, но и за оние кои видоа дека се дави но не сторија ништо за да го спасат давеникот. Но и не само тоа, туку Вардар е фрлен со една карпа врзана околу врат, и не му се дава никаква шанса, туку се дозволува да тоне и да потоне, за да не може никако да се спаси, и згора на тоа со веслата го удираат душмански по главата.Срам да ви е на сите, нема да ви го простиме ова, садисти без срце и душа !Те сакаме Вардаре, издржи до крај, и колку и да е тешко, едноставно МОРАШ !“, стои во нивната објава на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде