Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучи дали се потребни порестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи редовен состанок. На овој состанок ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.


Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.


„Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува,“ велат од Министерството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде