Колони возила на Табановце, Македонците тргнаа на вакцина

Утрово на граничниот премин Табановце се забележани колони возила, а за излез од државата се чека околу 40 минути.

Причина за ваквиот застој на ГП Табановце се големиот број Македонци кои од вчера патуваат во Србија, каде викендов имаат закажани термини за вакцинирање.

„На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути“, соопштија од АМСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде