Колку потрошил градоначалникот на Охрид за ресторански услуги? Одговорот сите ќе ве изненади

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески за разлика од своите колеги од РСМ, се покажал како вистински штедливец на општинската каса.

Реадкцијата Охридскај, врз основа на чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Македонија, бр.13/2006) испратила официјално барање до Општина Охрид со следното прашање на кое побарале одговор:

-„Колку средства за ресторански услуги има потрошено градиначалникот на Охрид, Константин Георгиески, преку службени картички на Општина Охрид?“


Од страна на надлежните служби од Општина Охрид, до редакцијата пристигнал одговорот на поставеното прашање, во кое стои:

-„ Во врска со барањето за информации од Јавен карактер од 02-04-2021 гоина ,за потребите на редакцијата Охридскај,колку средства за ресторански услуги има потрошено градоначалникот на Охрид Константин Георгиески преку службените картички,Градоначалник на Општина Охрид има потрошено 7.850,оо денари на ден 17.01.2020 година ,додека за фискалната 2021 година , до денешен ден ,нема никаков трошок за ресторнски услуги„ стои во официјалниот допис испратен од секторот за финансии при Општина Охрид до редкацијата на Охридскај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде