Клубот се пошегува со тренерот за 1. април, а тој ги спакува куферите и замина

Првоаприлските шеги често знаат да направат вистински хаос во светото на спортот.

Често се случувало да дојде до некои големи конфузии поради светскиот ден на шегата, а она што се случило во Романија е навистина неверојатно.

Така за први април романскиот третолигаш Индустрија Галда со помош на локален портал одлучи да се пошегува со својот тренер.

Објавено е дека му е врачен отказ после три порази во три натпревари, а несреќниот човек тоа го сфатил сериозно, ги спакувал куферите и заминал од клубот.

На крајот му се јавиле да му кажат дека тоа е само првоаприлска шега. Тој сепак не го предводеше тренингот на клубот и нема да биде на клупата на утрешниот натпревар против Кугира, но се очекува негово враќање во клубот.

Неверојатно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде