Клоп: Не ми е гајле за финалето во Киев, ќе покажеме колку сме силни во овој момент

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одржа прес-конференција пред првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ против Реал Мадрид.

Поранешните европски прваци утре ќе се сретната на „Алфредо ди Стефано“, а на Клоп му се допаѓа што улогата а фаворити им е доделена на Реал. Зборуваше и за финалето од пред три години кога Реал беше поуспешен од Ливерпул.

„Сакаме да покажеме колку сме силни во овој момент, не ми е гајле за ова финале пред три години. Ако сме подобри од Реал тогаш можеме да поминеме понатаму.“ – рече Клоп и додаде:

„Играме против Реал и за мене ова е најголема можна мотивација, не поради натпреварот во Киев 2018. Да ме прашаше некој после седум дена од финалето дали ќе го повикам Рамос на својот роденден, ќе одговорев “не“. Тоа беше чудна вечер, но беше одамна.“

Клоп не сакаше да го открие составот, но најави дека утре може да заигра Диого Жота, кој е во инзворедна форма.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде