Конфедерацијата на слободни синдикати бара минималната плата треба да порасе на 16.000 денари.
„4 години КСС бара да се применува член 8. Член 8 од оваа власт е 4 години игониран. Ги прашавме јавно вчера и Шахпаска и Битиќи, истите на дрзок начин не исклучија, ни го одземаа зборот и не дадоа да разговараме врз основа на Законот за минимална плата.“ – рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.
Според нив оваа година во пресметката за усогласување на минималната плата не треба да влезе растот на БДП, бидејќи на тој начин минималецот ќе порасне само за 400 денари.
Од друга страна Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека нема да има отстапки од законското решение.
„Денешната минимална плата без усогласување е 14 000 денари, цели 6 илјади денари е зголема, секако ќе се заврши овој процес. Вчера имавме седница, веќе следна недела повторно ќе има ЕСС. Секако ќе испочитуваме закон и платата ќе биде усогласена. Почитувањето на работнички права се приоритет на Владата во услови на пандемија.“ – рече Шахпаска.
Како што е познато, минималната плата се утврдува секоја година во месец март.