Ќерка си ја брка мајка си од домот, 70 годишната жена може да остане на улица

Ова е 70 годишната Самаетка Рушити која може да остане на улица. Таа до сега живеела со ќерка и која не е мажена. Вели дека таа веќе не ја сака дома, објави ТВ21.

Сето тоа поради тензиите настанати меѓу мајката и ќерката. Ќерката бара да живее сама откако си ја препишала куќата на нејзино име.

Откако случајот стигна до судот во Кичево, оваа мајка неколку месеци беше на улица, додека судот не донесе одлука оваа старица повторно да се врати дома. Но проблемите не завршија.

Социјалниот центар согледувајќи дека нивното заедничко живеење претставува опасност, и понудил  да се смести во дом за стари лица, додека се решат проблемите, за да не остане на улица.

Конфликтите продолжуваат меѓу мајката и ќерката и наспроти одлуката од судот мајката да се врати во куќата и да живеат заедно.

Случајот неколку пати бил пријавен во полиција, некогаш од ќерката некогаш од мајката. Ќерката преку жалба бара мајка и да си замине од куќата во рок од два месеца.

ТВ21 контактираше со ќерката која бара да живее сама а не со својата мајка. Таа рече дека имаат проблеми уште кога била мала.

Таа ги негира обвинувањата против неа  и ја обвини мајка и  за навреди и насилство  велејќи дека таа жртвувала многу за ова семејство и не и бил награден трудот, затоа, како што вели време е мајка и да си замине од куќата и двете да продолжат со мирен живот.

Оваа мајка има и други ќерки, кои се мажени. ТВ21 контактираше и со нив, а тие велат дека ниедна од нив нема услови да ја прими. Единствена надеж е некој да и помогне, и да изгради мала куќа за мајката.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде