Ќе ве насмее до солзи: Ферус Мустафов стана ТикТокер, му требаат 4.000 лајкови за да добие чоколадо

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот негов досегашен живот, живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот…затоа што него го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаат сите.

И не постои човек што не слушнал за него и за неговите магични прсти со кои неговиот саксофон ни ги дарува сите звуци на радост и среќа, како што е создаден самиот инструмент за тоа и како што се раѓаат вистинските мајстори што умеат со нив.

Но овој пат Ферус ќе го погледнете во едно поинакво светло, а тоа е на ТикТок мрежата.

Семран е првиот комшија и другар со нашиот крал, па тие секојдневно ги расположуваат корисниците на оваа социјална мрежа со ”ВЛОГОВИ” a eден од нив е да соберат 4.000 лајкови за Ферус да добие чоколадо.

Семран е 26 годишно момче вработен во автоперална, но покрај работата тој наоѓа слободно време да не насмее и расположи… доколку ви се допадне може да го заследите, и да побарате уште заеднички видеа со Ферус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде