Ќе добие ли Васил Гарванлиев лично обезбедување? Добил 400 пораки со закани

Македонскиот претставник на Евросонг, Васил Гарванлиев е мета на напади од јавноста откако призна дека има и бугарски пасош.

Шефот на неговиот ПР тим, Јилмаз Дервиши, денеска гостуваше во емисија Стадион на Канал 77, каде зборуваше за тоа со што се соочува Гарванлиев.

Никој не помисли кои ќе бидат послециците од линчот упатен кон него? Што ќе правиме со 400 пораки и закани кон него на профилите на В Г? Дали некој ги чита коментарите и булингот што во мометов се одвива на социјалните медиуми? Дали некој ќе сноси одговорност за ова? Што доколку некој посегне посериозно и го нападне Васил Гарванлиев? – рече Дервиши.

Тој доби прашање дали Гарванлиев има страв за безбедноста и дали размислуваат за физичко обезбедување

Васил секако дека во моментов е сигурен, но малку сме загрижени и го разгледуваме и тој аспект. – додаде Дервиши.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде