Каракачанов сепак не влегува во парламентот?

Досегашниот коалициски партнер на владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов, ВМРО-БНД предводена од вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, е на работ на изборниот праг за влез од парламентот кој изнесува 4 проценти од освоените гласови, пренесе 360 Степени.

Според различни агенции, неговите резултати се на работ или под овој праг.

Според паралелното пребројување на гласовите што го прави агенцијата „Галуп“, на 75 проценти од обработените гласови, ВМРО-БНД има 3,9 отсто од гласовите.

Врз основа на паралелното пребројување кое го прави „Тренд“, пак, на контото на Каракачанов засега завршуваат 3,6 проценти.

Агенцијата „Алфра рисрч“ со паралелно пребројување има обработено 60 отсто од гласовите и според нејзините резултати ВМРО-БНД има точно 4 проценти.

Извор: 360 Степени

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде