Каракачанов: Да сакаше Камчев да избега ќе го земевме со дипломатско возило и никој немаше да дознае

Македонија е земја во која власта на Зоран Заев сака на бизнисмените да им ги земе парите со рекет, а успешните луѓе да ги прогонува, изјави Красимир Каракачанов, вице-премиер и министер за одбрана на Бугарија во изјава за „Инфомакс”.

„Ако сакаше Јордан Камчев да избега од Македонија тој воопшто немаше да се врати таму. Тој е бугарски државјанин, беше тука кај нас минатата година, можеше и да не се врати. Имаше можност и со бугарската лична карта легално да ги премине границите со Грција, Бугарија и Албанија – тоа тој не го направи“, вели Каракачанов.

„Бегство со помош на трета држава се организира многу едноставно – ќе го земат со дипломатско возило и ќе го извадат од државата. И толку“, вели во изјавата Каракачанов.

Бугарскиот министер за одбрана го обвини директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски за „лажење“ и „тропање глупости“, нарекувајќи го „бандит“.

„Тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Виктор Димовски и неговата банда. За тоа нема никакви докази“, изјави Каракачанов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде