Караџовски: Британскиот сој е „чудовиште“ кое прави компликации за три дена и ги напаѓа белите дробови, глава, срце, црн дроб и бубрези

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на гостувањето во телевизија Канал 5 изјави дека разликата меѓу овој пик на вирусот со претходните бранови е во тоа што сега е присутен британскиот сој на вирусот кој се шири за 50 до 70 проценти побрзо и има поголем број на хоспитализации.

„Кај нас со сигурност ги имаме чешкиот и британскиот сој. Овој британски сој во 24 до 48 часа се развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена.

Ако некогаш велевме дека инкубацијата трае до 14 дена, сега е три до пет дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште“ , рече Караџовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде