Орце Камчев кој е во притвор денеска по упат од домскиот лекар бил пренесен на кардиологија каде му бил извршен детален преглед, пренесува Телма.
По извршените прегледи, Камчев е вратен на издржување на мерката притвор во затворот во Шутка.
-Резултатите му се одлични, за што има соодветен лекарски документ од интернистот-кардиолог кој му извршил преглед, вели директорот на затворската управа Маријан Спасовски за Телма.