Како да подготвите здрав чоколаден пудниг од авокадо

Идеален ниско калоричен десерт богат со здрави масти. Сировото какао ви дава енергија и е богато со антиоксиданси, а маката во прав помага во стабилизирање на хормоните.

Повеќе за тоа што претставува маката можете да прочитате тука.

Состојки за 4 порции:

  • 3 зрели авокада
  • 5 полни супени лажици сирово какао
  • 3 супени лажици мед (одземете или додадете по желба)
  • неколку лажици млеко од бадеми (може да се прескокне)
  • 1 мала лажица мака во прав (може да се прескокне)
  • малку морска или хималајска сол
  • малку бурбон ванила во прав
  • сецкани лешници за декорација.

Подготовка:

Со рачен миксер или блендер згмечете ги авокадата. Додадете ги останатите состојки освен сецканите лешници и продолжете да миксате додека смесата не се соедини.

Декорирајте со лешници.

Пријатно јадење!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде