Јунајтед на колена, Лестер во полуфинале

Лестер го елиминираше Манчестер Јунајтед и се пласира во полуфиналето од ФА Купот.

Лестер подобро го отвори мечот и со голот на Ихеначо во 24-та минута дојде до водство. Десетина минути подоцна Манчестер Јунајтед ги врати работите на почеток со голот на Гринвут.

После полувремето домаќините доминираа на теренот и заслужено се пласираа во полуфинале.

Тилеманс во 54-та минута погоди за 2:1, а потоа Манчестер Јунајтед тргна на се или ништо. Ихеначо стави крај на надежите на „црвените ѓаволи“ со својот втор гол за конечни 3:1.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде