Јоци се прости од Гоце: Да знаеше дека неговата партија ќе го смести вака брзо ,,горе” ќе ги отераше во три лепе

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци:

Луѓе млади си одат од овоземскиот свет како едносезонски цвеќиња. Само што расцутиле, дошла зима. И угинале. И толку од животот.

Колку нови палта, пантолони не се облечени, родендени се непрославени, среќни божиќни песни на нови години и Божиќ не се испеани…? А, нашава земја се окова во мраз. До кога, бе, луѓе? Шо праите со земјава, со младите, со постарите, со човечки животи, знаете ли?

Млади жени вдовици остануваат, деца сираци, семејства со празни души.

Гоце беше сдсмовец, иако официјално беше дел од невладин сектор. Онаков, лојален, заблуден, до крај. Да знаеше дека неговата партија ќе го смести вака брзо ,,горе”, ќе го изневери, нема да му обезбеди навреме вакцина – ќе им искинеше можеби книшка одамна. И ќе ги отераше во три лепе.

Но, не – тој беше скроен поинаку – да верува!

Многу често ме убедуваше дека СДСМ знаат каде тераат, последен пат некаде во октомври, но никогаш не се караше со мене, не ми се лутеше, немаше пизма во него. Ради дебарското потекло на двајцата. Беше прав арслан, не се караше и не навредуваше жени, иако не се разбиравме дека 15.000 денари сметка за струја не е живот!

Требаше да ми донесе книга за дебарчани, не се најдовме пред година – две. Не ни се споија патиштата.Не се видовме ни тогаш, ни потоа. Така требало да биде. Да одам и во живо да ја видам таа убавина, пак. Се надевам.

Гоце, патувај мирно на Дебарско езеро.Не те заслужуваа овие кои сега ронат лажни солзи.

Жалам.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде