Јоаким Лев ги “растера“ новинарите во Букурешт

Во неделата Германија ја победи Романија со 1:0, а после натпреварот според утврдени продтоколи беше одржана пре-конференција.

Јоаким Лев го пречекале 30-тина романски новинари. Иако ги почитувале мерките, Лев од нив побарал да ја напуштат прес салата.

Новинарите заминале, па Лев преку видео линк ја одржал прес конференцијата.

После Лев, збор добил и романскиот селектор, а тој за разлика од својот германски колега им дозволил на новинарите да влезат во салата.

Да потсетиме, Германија својот следен натпревар од квалификациите за СП го игра против Македонија в среда со почеток од 20:45 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде