Актуелниот пратеник од ДУИ и поранешен координатор на пратеничката група Изет Меџити вели дека нема да гласа за одложување на пописот, пренесува ТВ21.
„Јас денеска нема да гласам за договорот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот“, рече Меџити.
Седницата на која треба да се одложи пописот е закажана за денеска во 13 часот, но истата се уште не е започната.