Италијанско дерби за големиот бразилски талент

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за младата бразилска ѕвезда на Сантош, Кајо Жорге.

Овој 19-годишен напаѓач важи за најголен талент во Бразил, а „Тутоспорт“ открива дека Јувентус и Милан веќе ја започнале битката за негов потпис.

Кајо игра за репрезентацијата на Бразил до 19 години каде на 10 настапи постогна 6 гола. Неговиот договор со Сантош истекува во декември, па затоа неговата цена во моментов е „само“ 10 милиони евра.

Милан и Јувентус веќе започнаа преговори со неговиот агент, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за потписот на младиот Бразилец.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде