Илон Маск со нова девојка, 23 години помлада од него. Еве како изгледа

Илон Маск е уловен во друштво на 23 години помладата од него австралиската актерка Наташа Басет. Тие се фотографирани во ресторан во Сент Тропе. Двојката е видена на ручек во хотелот Шевал Бланк, каде собите чинат повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск и Басет биле видени како пијат вино заедно, јадат помфрит и сталожено разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив. Парот потоа, рака под рака, излегол од скапиот ресторан.

Тие првпат беа видени заедно во февруари, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка. Басет порасна во Сиднеј, а во 2019 година се пресели во Њујорк за да посетува драмско училиште. Таа има добиено неколку улоги во телевизиски серии како „Hail! Caesar“ и го играше ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот „Britney Ever After“.

Со глума се занимава од 14-годишна возраст, кога ја доби главната улога во претставата „Ромео и Јулија“. Актерката ќе можеме да ја видиме и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли.

Кариерата на Наташа е многу важна и иако не му пречи што нивната врска сега е позната, тој ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојка на Илона Маск“, велат пријателите на милијардерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде