Хипотези за можни сценарија за трагичната автобуска несреќа

Порталот„Во Центар“ пренесе хипотези од бугарски медиуми за можните причини за неcpеќата: Последни вести од Бугарија: Хипотези (!?) за можните причини за трагичната несреќа, бугарските медиуми излегуваат со нови информации!?

Возачот заспал додека возел, имал ненадеен здравствен проблем, груба грешка при полнење гориво или техничко оштетување на автобусот за време на возењето.

Ова се верзиите од истрагата за тешката сообраќајка на автопатот Струма, во која загинаа 46 граѓани на Македонија. Дванаесет од жртвите се деца.

Седум лица кои се сместени во болницата Пирогов преживеале и нивните животи се надвор од животна опасност.

Оваа се анализите кои вечерва ги прават бугарските медиуми кои се повикуваат на извори од истрагата.

Автобусот соборил 10 столбови од заштитната ограда од десната страна, свртел лево и по околу 20 метри удрил во заштитната ограда која ги дели двете ленти на автопатот.

Како што напиша Труд, денеска нешто по 2 часот по полноќ, автобус на македонска компанија што патувал со туристи од Истанбул за Скопје, се запалил на 31-от километар од автопатот Струма. Во тоа време врнеше слаб дожд, патот беше лизгав.

Околу 20 минути претходно автобусот застанал на бензинска пумпа во месноста Драгичево. Како што пишува Труд, додека патниците одмарале, можно е или се претпоставува дека двајцата возачи сипале нафта од туби во багажниот простор.

Труд не презентираше докази за оваа своја претоставка. Според извори на Труд, можно е да било истурено гориво или да не ги затвориле добро капачињата на тубите.

Возачот не се ни обидел да ги отвори вратите. Жестокиот пожар го зафатил предниот дел, а седуммина од патниците на задните седишта го скршиле задното стакло и успеале да излезат.

Тие беа единствените преживеани од 54-те патници во автобусот. Според пожарникарите, искрата започнала по „гребењето“ на автобусот во заштитните огради, но пожарот бил исклучително брз.

Не е јасно дали горело само маслото од резервоарот, ниту пак има излеано гориво во багажникот.

Целиот текст на ВО ЦЕНТАР прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде