Хасани: Имавме два избора или да се ограничиме или да се затвориме за Бајрам и Велигден

На денешната прес-конференцијата во Владата свое излагање имаше и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, кој посочи дека во Владата размислувале на два избора.

„Се наоѓаме на праг на големи верски пранзици, но свесни сте дека сме во тешка општа состојба. Размисливме проактивно. Се најдовме пред два избора или ќе го ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам или Велигден.

Ако не носиме одлуки ќе се соочиме со затворање и за Бајрам и за Велигден. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека празниците ќе ги поминеме без големи ограничувања“, рече Хасани

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде