Гвардиола шест пати му кажал НЕ на Абрамович

Актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола шет пати одбил понуда од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.

Според англиските медиуми рускиот милијардер бил импресиониран од шпанскиот стратег додека беше тренер на Барселона.

„Атлетик“ открива дека првиот пат Абрамович испратил понуда до Гвардиола во 2010 година, а неколку месеци покасно, откако замина Анчелоти, Челзи повторно го побарал Пеп.

Третиот пат бил на почетокот од 2012 година, кога Андре Виљас-Боаш ја заврши кратката авантура на „Стенфорд Бриџ“, но и тогаш Гвардиола ја одбил понудата.

Од тогаш до летото 2016 година Гвардиола уште три пати ги одбивал понудите на Абрамович.

Весникот тврди дека Пеп имал формирано негативно мислење за сопственикот на Челзи и начинот на кој се однесува кон тренерите, па не сакал да го преземе тимот од „Стенфорд Бриџ“, иако добивал богати понуди и одврзани раце околу трансферите.



Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде