Гундоган: Целта против Македонија се трите бода!

Пред натпреварот против Македонија, селекторот на германската репрезентација потврди дека Илкај Гундоган ќе биде капитен во отсуство на Мануел Ноер и Тони Крос.

Германија одлично ги отвори квалификациите за СП со две стартни победи, а утре ја пречекува селекцијата на Македонија во Дујзбург.

Гундоган пред мечот истакна дека сака максимален ефект од првите три дуели во групата.

„Задоволен сум со двете победи на стартот на квалификациите. Затоа е многу важно да победиме и на третиот натпревар против Македонија. Нашата цел е да имаме максимални девет бодови после првите три меча“, истакна Гундоган.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде