Драго ми е што граѓаните го препознаваат и вреднуваат трудот кој го вложивме за да се организира беспрекорно процесот на вакцинација. Подготвени сме во периодот што следи уште поефикасно да се организираме за што побрзо да ја завршиме имунизацијата, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Во продолжение објави и неколку фотографии од граѓани кои ја пофалија целата организација во СЦ „Борис Трајковски“.