Град Скопје денес започнува со уривање на галијата кај „Холидеј ин“

Град Скопје денеска почнува со уривање на галијата кај хотелот „Холидеј ин“, пренесува Република.

Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полицијата.

Шилегов уште кон крајот на јуни најави дека е раскинат договорот со сопственикот на бродот бидејќи не платил кирија за 4 месеци. Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали. Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде