Господово чудо во село Враништа-струшко: На местото каде што се палат свеќи во Црквата Св.Кузман и Дамјан, се појави и ликот на Исус Христос

Благодатниот оган е чудото што му претходи на најголемото случување за Христијаните – Воскресението.

Знакот на победата на Спасителот над гревот и смртта и почеток на еден нов свет, искупен и осветен од Господ Исус Христос. Иако голем број луѓето знаат да го омаловажуваат овој настан и да не веруваат во чудото на Благодатниот оган, и исто така да не веруваат ни во други настани, кои се случуваат низ светот. Многумина од нас веруваат во случајности но не и во чуда, но не смееме да заборавиме кога  во Струга пред неколку години се појави и ликот на Свети Никола на самото дрво кое се наоѓа до манастирот, а сега ликот на Исус Христос нашиот спасител се појави и на местото каде што се палат свеќи во селото Враништа струшко.

Ликот на Свети Никола кога се појави на дрво.

Во продолжение ќе ви го прикажеме статусот на Јован Јанчески кој беше сведок на сето ова..

Денеска бев со мојата мајка како и секогаш во Црквата Св.Кузман и Дамјан ( Св.Врачи ) Во Враништа на прошетка и да се напиеме вода…
Кога решивмe да си одиме реков да ја сликам Црквата како секогаш и кога ја прегледував сликата приметив нешто што до сега никогаш не сум видел… а тоа е местото каде што се палат свеќи го видов ова…Дали е нашиот спасител Исус Христос.?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде