Во полициската акција „Бегалец“ предводена од специјалната едицица „Тигри“ биле уапсени и приведени синовите на Дилавер Бојку, Ербан и Бесник.
Акцијата се случила на регионалниот пат Струга-Дебар на влезот од селото Велешта.
Двајцата биле опколени од полициски возила и биле лишени од слобода. Ербан и Бесник во себе поседувале и пиштоли.
Ернек Бојку се бараше со три централни и една меѓународна потерница за убиство во Струга, нелегална трговија со оружје и други кривични дела. Вкупната затворска казна изнесува 21 година.
Да потсетиме, Дилавер Бојку-Леку во 2017 година беше убиен од позади грб со куршум во глава во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица. Беше познат осуденик за нелегална проституција.