Голема полициска акција во Прилеп: Запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра и приведен висок полициски службеник

„Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.

Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот“, соопшти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Акцијата е на десет локации во Прилеп.

Бидејќи акцијата и претресите се уште траат од МВР за Канал 5 велат дека сите детали ќе ги соопштат утре за да не се загрози акцијата. Додаваат дека кратката информација ја објавиле за да не се крева паника во јавноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде