Голема колона од возила во моментов се наоѓаат на граничниот премин Блаце, за влез во Македонија, пренесува ТВ21.
ТВ21 неофицијално од службеници на овој граничен премин дознава дека во моментов не е во функција системот за електронско евидентирање.
Од таму велат дека засега тие се евидентираат мануелно.
Засега нема официјален одговор од Министерството за внатрешни работи.