Голем пожар во Усје: Се запалил камион полн со отпаден материјал

Попладнево се случи голем пожар. Камион со отпаден материјал се запали на приватен плац на улицата „Борис Трајковски“ во населбата Усје.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот е изгаснат за кратко време и оти нема никаква опасност. Интервенирано е со четири возила.

Пожарот е пријавен околу 13: 50 часот и веднаш е излезено на терен.

Фото: Курир

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде