Гоца Тржан скршена од болка по петтото неуспешно ин-витро

Паровите како нас чувствуваат болка до крајот на животот – вели Гоца Тржан по петтото неуспешно ин-витро. 

Пејачката отворено зборуваше за борбата за потомство.

Гоца Тржан и Раша Новаковиќ се седум години во брак, а долги години се обидуваат да се реализираат како родители.

За да остане бремена, Гоца мина низ многу тешки моменти, а нејзиниот сопруг отсекогаш ѝ бил најголема поддршка.

„Мислам дека паровите кои навистина сакаат дете и се трудат да имаат деца, а не можат да имаат, чувствуваат болка до крајот на животот. Тешко е да се помириме со тоа и воопшто не сум сигурна дали на мажите или на жените им е потешко“, рече Гоца и вели дека смета дека нема право да го држи сопругот покрај себе.

„Морав да бидам подготвена еден ден да ми каже, како на жена која е 14 години постара од партнерот: „Слушај, јас веќе сакам да имам дете, а ти веќе ја премина границата и не можеш природно да забремениш.“ 
Јас немам право да го задржувам тој човек покрај себе“ – искрена  е пејачката во интервју за „Ми данас“.

Поп ѕвездата истакна дека борбата за потомство и ја зацврстила љубовта со сопругот.

„Тој е мој и јас сум негова поддршка. Знаете, кога ќе се случи ин витро оплодување и кога ќе се случи „неуспех“ во тој процес, секој пат ми вели дека му е многу тешко затоа што не може да понесе ниту еден дел од мојот товар. Сепак на жените паѓа товарот.. Жените добиваат стимулација, жените поминуваат низ хормонални бури… Ментално е многу тешко за нас. Хемијата и биохемијата функционираат така што ве прават толку напнати… Тоа е како ПМС по 100! И тоа трае, на пример, од почетокот на стимулацијата до почетокот на зачнувањето или до моментот кога ќе дознаете дека не сте бремена“, изјави пејачката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде