Германците трупаат пари затоа што немаат каде да ги трошат

„Германските граѓани натрупаа огромни суми пари за време на кризата“, пишува германскиот јавен сервис Тагешау. И се чини дека ќе продолжи да биде така, бидејќи ниту економистите, ниту финансиската сцена не предвидуваат наскоро значителен раст на потрошувачката.

На прв поглед, економската криза поради короната има парадоксална последица – многу германски граѓани имаат значително повеќе пари на своите сметки отколку пред една година. И – на повидок не се гледа крајот. Односно, не се предвидува краткорочен пресврт – во насока на поголема потрошувачка.

„Според податоците на Бундесбанк, од јануари 2020 година до јануари 2021 година, депозитите на приватните домаќинства во банките се зголемиле за 182 милијарди и сега изнесуваат 1,73 билиони евра“, ја објави Тагешау статистиката во мартовскиот месечен извештај.

„Во својата последна економска прогноза, институтот Ифо со седиште во Минхен, проценува дека заштедите во 2020 година се зголемиле на 100 милијарди евра – и претпоставува дека таа сума ќе продолжи да расте во првиот квартал.“

„Мислам дека до средината на годината ќе имаме слична состојба како минатата“, вели Јирген Грос, претседател на здружението ГВБ, чадор-организација на банките Фолкс и Рајфајзен во Баварија.

Покрај тоа, за време на пандемијата значително помалку луѓе подигале готовина од банкоматите.

„Како резултат на корона-кризата, побарувачката за готовина на нашите машини е намалена за 75 проценти“, рече за Велт ам Зонтаг Керстен Тројанус, извршен директор на операторот на банкомати ИЦ Кеш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде