Фудбалерот на Валенсија во солзи го напушти стадионот: Тие зборови се ужасни…

Дуелот помеѓу Кадиз и Валенсија (2:1) го одбележа расистички испад од страна на играч на домашната екипа.

Фудбалерот на Валенсија, Диакаби одлучи да го напушти теренот бидејќи Хуан Кала го навреди на расна основа.

Натпреварот беше кратко во прекин, а после натпреварот тренерот на Валенсија, Хави Гарсија даде коментар за целата ситуација, но и откри во каква состојба е неговиот фудбалер.

„Ако веднаш дознав што му рекол, никогаш немаше да дозволам играчите да се вратат на теренот. Тоа е страшно. Се надевам дека Кадиз ќе го санкционира својот играч. Не сакам овде да ги повторувам тие ужасни зборови, но мојот фудбалер се чуствува многу лошо.“ – рече Гарсија после натпреварот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде