Филипче во посета на вакциналните пунктови (ФОТО)

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на вакциналните пунктови кои од денеска почнаа со спроведување на процесот на имунизација.

Тој истакна дека вакцинацијата се одвива непречено на сите вакцинални пунктови.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите вакцинални пунктови кои од денеска почнаа со спроведување на процесот на имунизација. Повозрасните граѓани кои денеска ги сретнав во добро расположение ја примија вакцината.

Многу ме радува што токму оваа група на граѓани покажаа дисциплина и голема заинтересираност. Им посакав успешна имунизација во периодот што следува и добро здравје. Очекуваме сериозна бројка на вакцини овој месец и брз и ефикасен процес на имунизација.“- напиша Филипче на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде