Филипче во посета на пациентот: Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето

Министерот Венко Филипче и лекарски тим утрово беа во посета на пациентот кој доби донирано срце.

Филипче истакна дека е во стабилна состојба, и сега треба неговото тело да го прифати срцето.

„Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот.

Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција.“, напиша Филипче на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде