Филипче: Во целост се вакцинирани критичните групи на граѓани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во целост се вакцинирани критичните групи на граѓани, односно сите кои имаат висок ризик од инфекција.

„Во целост се вакцинирани критичните групи на граѓани, односно сите кои имаат висок ризик од инфекција. Вакцинирани се сите кои изразиле интерес за тоа и се пријавиле а тоа се здравствените работници, припадниците на МВР, армијата и наставничките од прво до трето одделение, вработени во Министерството за труд и социјална политика – негувателки и воспитувачки, а денеска се вакцинираа и новинарите и медиумските работници преку Здружението на новинари.

Во текот на денот и утре ќе се спроведе и вакцинација на заинтересирани во делот на правосудниот систем, односно вработените во Собранието на РСМ, а од среда останатите вакцини од Спутник В ќе бидат распределени во системот на вакцинација за населението со што ќе продолжи вакцинацијата според возрасната група на граѓани во А1 Арената Борис Трајковски“, рече Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде