Филипче: „Вакцината против коронавирусот ќе стане сезонска“

Голема е веројатноста вакцината против коронавирусот да стане сезонска. Поради тоа министерот Венко Филипче го посети институтот „Торлак“ во Србија, каде ќе се произведуваат вакцини. Ова е обид навреме да се обезбеди стратешки партнер, кој ќе испорачува доволна количина дози, доколку биде потребно, пренесе ТВ21.

„Договоривме дека институтот Торлак ќе биде наш стратешки партнер што се однесува до набавката на вакцини во периодот кој е пред нас. Најверојатно оваа пандемија се уште ќе трае, големи се шансите оваа вакцини да биде сезонска.“, рече Филипче.

Филипче го прошета целиот институт, а праша и за капацитетот на производство. Дали би можеле да се испорачаат потребните количини. Доби уверување дека тоа воопшто не е проблем.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде