Филипче: Тие што ќе се вакцинираат ќе добијат два слободни денови на работа

После состанокот на министерот за здравство Венко Филипче и претставници на Сојузот на синдикати, министерот изјави дека за сите предлози на синдикатот ќе се дискутира на утрешната седница на Владата.

„Искрено верувам дека претставниците на синдикатите ќе сфатат колку е битно оваа мерка да се усвои посебно после денешните резултати од секвенционирањето на вирусот.

Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји.

Што значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата. Соочени сме со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници, рече Филипче и додаде:

„Разговаравме за некои нивни предлози, тоа што го побараа претставниците од синдикатот, ќе биде разгледано утре на седницата на Владата,

мерката од моментот на донесување важи после 15 денови за едукација на членството во синдикатите, да бидат дадени два слободни платени денови на денот на вакцинација и следниот ден,

и последното барање е оние кои што не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот кој треба да се прави да не биде на сопствен трошок, туку на сметка на работодавачите.

За сите овие предлози ќе дискутираме на утрешната седница на Владата, рече министерот Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде