Филипче: Состојбата во болниците е многу сериозна

Министерот за здравство Венко Филипче по утринскиот состанок со директорите на клиниките истакна дека состојбата во болниците е многу сериозна. Тој порача граѓаните да ги почитуваат мерките за да му помогнат на здравствениот систем.

„Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите…

Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде