Филипче се огласи: Горд сум на моите колеги!

Министерот за здравство Венко Филипче изрази голема благодарност до лекарскиот тим кој учествуваше во втората трансплантација на срце во историјата на државата.

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.

Горд сум на моите колеги!“, напиша Филипче на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде