Филипче: Од „Систина“ ми кажаа дека нема да ги намалат цените, а Жан Митрев изрази спремност!

Државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче вели дека разговарале за намалување на цената на лекување во приватните клиники, но тоа го прифатил само Жан Митрев, додека пак од Систина рекле дека немаат економска логика да го направат тоа.

„Иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика“, рече Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде